Дома Живот Дневен хороскоп за петок 20 септември! Бившата љубов доаѓа кај Девиците –...

Дневен хороскоп за петок 20 септември! Бившата љубов доаѓа кај Девиците – Финансиите се подобруваат за Рибите!

2551
0

Дневен хороскоп за петок 20 септември! Бившата љубов доаѓа кај Девиците – Финансиите се подобруваат за Рибите!


ОВЕН
ЉУБОВ : Денеска ќе размислувате за заеднички живот со саканата личност. РАБОТА: Можни административни и логистички проблеми. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.


БИК
ЉУБОВ: Ќе ве привлекуваат луѓе кои ви даваат чувство на сигурност, дури и ако не се возбудливи. РАБОТА: Среќа во работи поврзани со комуникација и администрација. ЗДРАВЈЕ: Добро.

БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Денес ќе бидете склони кон мечтаење. Можни се недоразбирања во врската поради отсуството на духот. РАБОТА: Ќе ја одложите работата и можни се грешки. ЗДРАВЈЕ: Чувствителна психа.

РАК
ЉУБОВ: Можете да се надевате на напредок бидејќи значително ќе се разубавите. РАБОТА: Можна е голема промена на финансиско поле доколку сте повнимателни со парите. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.

ЛАВ
ЉУБОВ: Ништо важно нема да се случи бидејќи ќе бидете окупирани со други сфери од животот. РАБОТА: Ќе бидете одлични на работа, но ќе ви пречат сите што се над вас. ЗДРАВЈЕ: Солидно.


ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Љубовниот живот нема да ви биде најважен, но можно е флертување со некој од вашето минато. РАБОТА: Можен помал успех во што и да правите. ЗДРАВЈЕ: Променливо.

ВАГА
ЉУБОВ: Ќе ви се зголеми популарноста, па можно е да стекнете нови фанови. РАБОТА: Успех во уметноста, како и се што е поврзано со убавината. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со кожата.

СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Лесно можете да запознаете некој што ќе ви се допадне, но нема да ви се разбудат длабоки чувства. РАБОТА: Ќе работите нешто поврзано со недвижен имот. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Нема да ви биде лесно да иницирате настани во оваа сфера. Ве привлекуваат луѓе кои имаат врски со странски земји. РАБОТА: На работа ќе заземете лидерска позиција. ЗДРАВЈЕ: Болки во грлото.


ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Во последно време сакате силни и самодоволни луѓе, а таквите најтешко се освојуваат и држат покрај себе. РАБОТА: Ситуацијата ќе биде нестабилна. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.

ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Ќе има можности за дружење, но веројатно не и за љубов. РАБОТА: Можно е да згрешите на работа или тоа да им се случи на вашите соработници. ЗДРАВЈЕ: Габична инфекција.

РИБИ
ЉУБОВ: Настаните ќе ве натераат да се сомневате во искреноста на чувствата или намерите на личноста со која сте. РАБОТА: Можно благо подобрување во финансиската сфера. ЗДРАВЈЕ: Променливо.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име