Дневен хороскоп за петок 14 јуни! Раковите ја менуваат работата, парите доаѓаат кај Биковите, а еве кој треба да се пази од камењата во бубрегот
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а Марс е во Бик. Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите денес.
ОВЕН
ЉУБОВ: Ќе ве интересираат само луѓе кои се поуспешни од вас , па затоа може да се заљубите во некој што е надвор од вашата лига. РАБОТА: Можно е да направите некои позитивни промени. ЗДРАВЈЕ: Во стабилна здравствена состојба сте.
БИК
ЉУБОВ: Иако ќе ве придружува релативно добрата среќа, сепак вашите очекувања нема да бидат целосно исполнети. РАБОТА: Можна неочекувана добивка од општеството и некои институции. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Ќе бидете многу популарни и ќе ви се восхитуваат многумина. Тоа ќе ви донесе можности за љубов, но не со личноста што ја сакате. РАБОТА: Овој период сте многу енергични и претприемнички. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.
РАК
ЉУБОВ: Можни повеќе позитивни настани во љубовниот живот. Ќе имате можности да уживате во љубовта. РАБОТА: Можно е да ја смените работата. Денес е секако добар ден за такво нешто. ЗДРАВЈЕ: Подобрување.
ЛАВ
ЉУБОВ: Ќе запознаете поинтересни луѓе или помлада, но многу образована личност која ќе ви се допадне. РАБОТА: Можно е мало подобрување, особено ако се занимавате со увоз или извоз. ЗДРАВЈЕ: Добро.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Ќе имате среќа во љубовта, но само ако ги намалите критериумите. Можно е да оживеете љубов која сте ја отпишале. РАБОТА: Проблеми во партнерскиот бизнис, но инаку многу продуктивен ден. ЗДРАВЈЕ: Во добра здравствена состојба сте.
ВАГА
ЉУБОВ: Веќе подолго време поминувате низ проблематичен период, но денес можете да очекувате позитивни настани. РАБОТА: Можно е да имате проблеми со луѓето кои работат кај вас. ЗДРАВЈЕ: Променливо.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Можеби ќе добиете шанса за романса со некој што никогаш претходно не ви се допаѓал, но сега ќе ве заинтригира. РАБОТА: Блага позитивна тенденција во оваа сфера. ЗДРАВЈЕ: Чувствителни.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Можни недоразбирања, предизвикани од нејасна комуникација од страна на избраната личност. РАБОТА: Имате причина да очекувате позитивни настани, но во моментов сте принудени да чекате да се појават некои прилики. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Ќе имате проблеми и во комуникацијата со саканата личност, а можни се и разни недоразбирања кои ја расипуваат врската. РАБОТА: Ова е ден за завршување на работата што остана недовршена. ЗДРАВЈЕ: Нервен стомак.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Не треба да очекувате возбудливи настани, но можна е комуникација со некој што ви се допаѓа. РАБОТА: Стабилизација во оваа сфера. Ќе имате впечаток дека атмосферата е попозитивна. ЗДРАВЈЕ: Променливо.
РИБА
ЉУБОВ: Ќе сакате да доживеете љубов но во исто време нема да бидете подготвени да го отворите своето срце за никого. РАБОТА: Ќе имате финансиски проблеми, стагнација во готовинскиот тек. ЗДРАВЈЕ: Песок или камен во бубрегот.