Дома Здравје Диететичари: Петте најдобри чаеви што треба да ги пиете за подобро ниво...

Диететичари: Петте најдобри чаеви што треба да ги пиете за подобро ниво на шеќер во крвта

588
0

Диететичари: Петте најдобри чаеви што треба да ги пиете за подобро ниво на шеќер во крвта

ЧАЕВИТЕ се пијат во текот на целата година, но најмногу во есен и зима кога надвор е постудено и многу луѓе утехата ја бараат во вкусен и топол пијалок. Многу чаеви се познати по нивните различни здравствени придобивки, а некои од нив се особено корисни за поединци кои сакаат да го контролираат нивото на шеќер во крвта.
Диететичарите Ерин Палински-Вејд и Триста Бест за добро јадење издвоија пет видови чаеви што треба да ги пиете доколку сакате да се грижите за нивото на шеќер во крвта и да го контролирате дијабетесот.

Зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси, особено катехини, кои можат да ја подобрат чувствителноста на инсулин и да помогнат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.
„Високата содржина на антиоксиданси на зелениот чај може да обезбеди кардиоваскуларни придобивки за луѓето со дијабетес“, објаснува диететичарот Ерин Палински-Вејд. Соединението епигалокатехин-3-галат (EGCG) во зелениот чај, исто така, може да поддржи подобрен состав на телото и метаболизам, што може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.

Црн чај
Црниот чај има богат, полн вкус и содржи полифеноли кои можат да помогнат во намалувањето на скоковите на шеќер после оброк. Диететичарот Триста Бест истакнува: „Црниот чај може да ја подобри чувствителноста на инсулин, што помага долгорочно да се регулира нивото на гликоза во крвта“.
Палински-Вејд се согласи со неа, истакнувајќи дека „конзумирањето црн чај со или после јадење може да го подобри нивото на гликоза после јадење, што може да биде корисно за оние со отпорност на инсулин“.

Чај од камилица
Чајот од камилица е веројатно најпознат по своите смирувачки ефекти, но некои студии покажуваат дека има и антиинфламаторни придобивки кои помагаат во намалување на шеќерот во крвта и може да го намали ризикот од компликации од дијабетес, како што се оштетување на нервите и бубрезите, пишува Eating Well.

„Чајот од камилица може да помогне во зголемувањето на нивото на антиоксиданси кај луѓето со дијабетес тип 2 и е поврзан со пониски нивоа на инсулин и HbA1c, важен показател за долгорочна контрола на шеќерот во крвта“, истакнува Палински-Вејд.

Циститис: Рецепт за природен антибиотик кој секогаш помага

Чај од хибискус
Хибискусот е богат со соединенија кои нудат дополнителни придобивки за крвниот притисок и здравјето на срцето. „Чајот од хибискус е богат со антиоксиданси и може да помогне во намалување на крвниот притисок и холестеролот, кои се вообичаени проблеми кај луѓето со дијабетес“, додава Бест.
Ова може да помогне да се намалат кардиоваскуларните ризици, што е важно бидејќи дијабетесот ја зголемува веројатноста за срцеви заболувања. Најдобро од сè, хибискусот е без кофеин, па можете да го консумирате во секое време од денот, исто како чајот од камилица.

Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир е уште една опција без кофеин која обезбедува топол, здрав пијалок со антиинфламаторни и антиоксидантни својства, што може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта. Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот може да ја подобри чувствителноста на инсулин, што е клучно за управување со дијабетес.
„Некои истражувања покажуваат дека ѓумбирот може да го подобри нивото на липиди во крвта, а со тоа да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести“, додава Палински-Вејд.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име