Повеќе од 55 болести се поврзани со глутенот, протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот.
Се проценува дека 99% од луѓето со нетолеранција на глутен или целијачна болест не се дијагностицирани со оваа состојба.
Исто така, се проценува дека речиси 40% од светската популација е нетолерантна на глутен. Ако имате некој од следните симптоми, тоа може да значи дека и вие припаѓате на таа група.
Ова се знаците дека глутенот ви пречи:
- Дигестивни нарушувања, како што се гасови, надуеност, дијареа, па дури и запек (најизразено е кај децата по консумирање глутен),
- Кератоза пиларис (позната и како „пилешка кожа“) на рацете,
- Замор или замор после јадење оброк кој содржи глутен,
- Дијагноза на автоимуна болест, како што е тироидитис Хашимото, ревматоиден артритис, лупус, псоријаза, улцеративен колитис, склеродерма или мултиплекс склероза,
- Невролошки симптоми, како што се вртоглавица или чувство на нерамнотежа,
- Хормонален дисбаланс,
- Мигренозни главоболки,
- Дијагноза на хроничен замор или фибромијалгија,
- Воспаление, оток или болка во зглобовите (прсти, колена, колкови),
- Проблеми со расположението, како што се анксиозност, депресија и промени во расположението,