Дома Позитив на денот Денес се празнува Свети Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите…

Денес се празнува Свети Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите…

753
0


Православните христијани денес, 14 февруари, го слават празникот во чест на Св.Трифун, чувар и заштитник на лозјето, а речиси низ цел свет се празнува и Денот на вљубените во чест на Свети Валентин.
Според обичаите, лозарите за првпат одат на лозјата во новата календарска година и ги закројуваат, надевајќи се дека така светецот ќе помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Попрскувањето на лозјата со светена вода и поткаструвањето на гранчињата, се прави со верување дека свети Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме. Исто така, постои верување дека светецот на својот празник забодува факел во земјата, па снегот почнува да се топи.

Момчето на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата и така се стекна со огромна слава. Светиот Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност. Господ го наградил за неговата добрина и му дал дар на чудотворство, да лекува болни и да ги заштитува лозјата, овоштарниците, градините, посевите и нивите.

Ден на винарите или Денот на вљубените? Тешко е да се одлучи, но лесно е да се каже: 14 февруари е денот на среќата, убавината и емоцијата материјализирани преку цвеќе, вино и искажувањето на љубов. Дури и двата светци Трифун и Валентин се грижат овој датум да не се заборави и да се прослави радосно и среќно во целиот свет !
Прегрнете ја саканата личност…Отворете шише добро вино…И, уживајте!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име