Денес се празнува Светиот маченик Талалеј. Талалеј бил христијански светец, од татко Верукија а мајка Ромилија, родум од Ливан. По занимање бил лекар. Настрадал за Исус Христос во својата осумнаесета година за време на владеењето на Нумеријан.
Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници.
Денешниот празник се прославива како куќна слава.
За многу години!