Дома Позитив на денот Денес е Цветници – денот на влегувањето на Исус во Ерусалим…

Денес е Цветници – денот на влегувањето на Исус во Ерусалим…

1312
0

Православните христијани денеска го празнуваат Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници.
Овој празник е подвижен празник и неговиот датум зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден. Се слави секогаш во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.
Според традицијата луѓето на овој ден се собираат во радост, но без веселба, и иако е пост, допуштено е да се јаде риба.
Обичај е во некои краишта воочи празникот жените да одат на ливада да наберат цвеќе, па да го стават во вода да преноќи, а наутро домашните се мијат со оваа вода.Требало да се побрза бидејќи преданието говори дека оној кој прв ќе набере цвет, една желба ќе му се исполни. Се верува дека е добро да се стави врбово гранче за брз напредок, некаде ставаат дрен за здравје, а девојките ставаат и темјанушки.

Денес именден празнуваат Лилјана, Калина, Јасмина, Каранфилка, Билјана, Јагода, Гроздана, Роза, Мимоза, Маја, Виолета, Цвета им посакуваме честит именден.
За многу години…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име