Дома Позитив на денот Денес е Младенци – празник на младоста и љубовта!

Денес е Младенци – празник на младоста и љубовта!

878
0

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска се слават Четириесете Севастиски маченици – Младенци.
Празникот Младенци, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Се верува дека какво ќе биде времето денес, такво ќе биде цела пролет. Овој ден секогаш паѓа за време на Велигденскиот пост.
На овој ден именден празнуваат: Младен, Младенка…
Празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Обичај е на овој ден да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника. Инаку, се верува дека какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет. Именден слават Младен, Младенка.
Четириесете Севастиски маченици биле римски војници. За време на гонењето од страна на Ликиниј кој владел со источниот дел од Римското царство, заедно со Диоклецијан, тие биле изведени пред суд заради нивната вера, а потоа ставени во замрзнато езеро и оставени таму преку целата ноќ. Кога следното утро војсководецот ги нашол живи, ги погубил и нивните тела ги фрлил во водата за да останат непогребани. Но, три дена подоцна локалниот Севастиски епископ ги извадил моштите од водата и ги погребал.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име