Дома Здравје Две намирници имаат повеќе витамин Ц од портокалите

Две намирници имаат повеќе витамин Ц од портокалите

962
0

Ќе признаете дека кога некој ќе каже витамин Ц, веднаш помислете на цитрусни овошја како портокали, лимони, грејпфрути… Да вистината е – го има доста во портокалот ова овошје е богато со витамин Ц. Сепак, овој важен витамин се крие во некои други намирници и во многу поголеми количини од она што би го очекувале, а два се во водство.

1. Дуња

Плодот на дуњата е богат со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимоните и портокалите.

Содржи и витамини Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Ова овошје е исклучително здраво и е вистински благодет за организмот, затоа треба да го искористиме времето додека треба да го консумираме во доволни количини.

2. Пиперака

Колку е позрела пиперката, толку е повисоко нивото на витамини и минерали. Пиперките содржат четири пати повеќе витамин Ц од портокалите и повеќе од 30 хранливи материи од групата на каротеноиди.

Пиперките се одличен извор на витамините А, Ц и Б6. Тие е добар извор на фолна киселина, диетални влакна, витамин Б2, пантотенска киселина, ниацин и калиум, витамин К, манган, витамин Б и магнезиум.Најздрава е ако ја јадеме свежа, иако е корисна и во форма на зимски салати.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име