Дома Живот Две видови храна кои не смеете да го солите

Две видови храна кои не смеете да го солите

1151
0

Солта е природен конзерванс, па можете да ја користите за да ја зачувате свежината на храната подолго време. Откако ќе го отворите шишето или тетрапакувањето со свежо млеко, додадете малку сол за да го продолжите рокот на траење.

Со малку сол сирењето ќе трае подолго – завиткајте го во крпа што претходно сте ја натопиле во солена вода за да спречите мувла.

Соленото овошје во потоплите делови на светот е доста вообичаено. Изберете зрела круша, диња или лубеница и без страв додадете малку сол за да ја нагласите сочноста. Доколку подготвувате сос или јадење со месо, ќе го посолите на почетокот на готвењето за да добиете најдобри вкусови.

Сепак, печурките никогаш не треба да се посолуваат пред или за време на динстањето бидејќи ќе станат суви. А тенко исечените компири нема да бидат вкусни ако ги посолите пред или за време на пржењето.

Така, доколку сакате да подготвите крцкав чипс, посолете го на крајот и нема да погрешите. Како и сокот од лимон, солта може да ја спречи оксидацијата на храната.

Солта е единствената состојка која успеала целосно да го промени ликот на кујната – вели познатиот шпански готвач Феран Адриа. Несомнено, тој е во право, бидејќи одамна е познато дека зрната сол не служат само за зголемување на соленоста на храната.

БЕЗ ПРСКАЊЕ

Пред да започнете со пржење месо или компири, додадете малку сол во тавата – така ќе спречите прскање на маснотиите на шпоретот.

КРАСТАВЦИ

Посолете ги горчливите краставици или тиквичките и оставете ги десетина минути, а потоа избришете ги со хартија.

БЕЗ „АРОМА“

Додадете сол во пластичните садови за храна за да ги отстраните лошите мириси.

ЈАЈЦА ЗА ЛЕСНО ЛУПАЊЕ

Ако готвите јајца кои тешко се лупат, додадете една лажичка сол во водата и ќе ги исчистите од лушпата со само неколку движења.

ПОЛЕСНО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИСЕН ЗЕЛЕНЧУК

Лиснатиот и коренестиот зеленчук кој потешко се чисти, како празот или кељот, потопете го кратко во солена вода и исплакнете.

ПОДОБРИ ЈАДЕЊА

Доколку сакате зеленчукот како брокулата да ја задржи зелената боја за време на готвењето, посолете ја водата во која се варат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име