Дома Здравје Два рани симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Ц

Два рани симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Ц

659
0

Два рани симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Ц

Мажите и жените имаат различни потреби за внес на витамин Ц, како и пушачите наспроти непушачите.

Возрасна жена треба да консумира 75 mg витамин Ц секој ден, а возрасен маж треба да консумира 90 mg од истиот витамин.

Пушачите треба да ја зголемат оваа доза за најмалку 50 проценти бидејќи е докажано дека имаат пониско ниво на витамин Ц во телото.

Овој витамин ја поттикнува активноста на белите крвни зрнца и на тој начин го поддржува имунолошкиот систем на организмот, клучен е за кожата, крвните садови, ‘рскавицата, тетивите бидејќи учествува во производството на колаген, но е и моќен антиоксиданс.


Во сезоната на настинки и грип се препорачува земање повисоки дози, од 500 до 1000 мг дневно.

Следниве симптоми се всушност првите два знака дека имате недостаток на витамин Ц.

Дали си уморен?
Сериозен недостаток на витамин Ц, кој може да биде фатален (скорбут), е редок денес, но со оглед на широко распространетите лоши навики во исхраната и неговата екстремна чувствителност на топлина, светлина, воздух и вода, очигледно е дека многумина земаат премалку од него во нивната исхрана.организам.

Првите симптоми на недостаток на витамин Ц веќе можат да се појават доколку имаме недоволна количина од овој витамин во период од три месеци. Најраниот знак веројатно е замор.

Крварење на непцата
Друг ран знак за недостаток на витамин Ц се црвените и отечени непца, како и крварење на непцата.

Други симптоми кои обично следат се лесно модринки, бавно зараснување на раните, болки во зглобовите и груба кожа, пренесува Данас.

Која храна е најбогата со витамин Ц?

Витаминот Ц го има во агрумите и нивните сокови, пиперките, брокулата, кељот, бриселското зелје, кисела зелка, зелената салата, јагодите, дињите, доматите, аспарагусот и друга сродна храна.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име