Дома Психолошки совети Два многу јасни знаци дека премногу им верувате на другите луѓе

Два многу јасни знаци дека премногу им верувате на другите луѓе

838
0

Дали некогаш сте запознале личност со која толку добро сте се согласувале што брзо сте станале неразделни? Споделивте вредности и интереси со неа и веднаш и дозволивте да ви пријде и да стане личност на која со задоволство ќе и верувате .

Природно е дека нè привлекуваат луѓе со кои можеме да се поврземе на овој начин. Ни дава чувство на сигурност и нема ништо лошо во тоа. Меѓутоа, понекогаш оваа голема желба за длабока врска со некого не спречува да препознаеме дали личноста со која се зближуваме навистина е достојна за нашата доверба. Од таа причина, многу луѓе премногу им веруваат на другите, дури и кога тоа не е најмудрото да се направи .

Се држиме до визијата која е производ на нашата желба за тоа каква треба да биде таа личност, а во исто време игнорираме многу јасни знаци кои покажуваат каква е таа личност навистина. Проблемот настанува доколку личноста на која сме му верувале е манипулативна, а покрај тоа и шармантна. Во таква ситуација, дури и кога ќе го покаже вистинското лице и ќе се однесува лошо со нас, ние ќе и понудиме втора шанса, или уште полошо ќе и бараме изговори.


Како можете да препознаете дека сте личност која премногу лесно се зближува со другите и им верува повеќе отколку што треба? Терапевтот Minaa B. од веб-страницата Well + Good верува дека тоа го покажуваат два многу јасни знаци.

  1. Се извинувате за лошото однесување на другите луѓе

Ако личноста со која сте се зближиле прави нешто очигледно за вас или на штета на драгите луѓе, а вие сепак наоѓате изговори да го оправдате нивното однесување, па дури и да се извините за нивните постапки и да и дадете втора шанса, тоа е знак дека верувате премногу во други луѓе.

  1. Ве обзема чувството дека другите ве искористуваат

Ова е знак дека треба да работите на тоа да си поставите свои граници и да не дозволите другите да ги надминат, а доколку го направат тоа, и покрај се, вие реагирате адекватно. Ова може да значи да им кажете дека повеќе нема да го толерирате или едноставно да ја прекинете врската со овие луѓе, ако ова не е прв пат да ја изневерат вашата доверба.

Како да го поправиме нашето однесување ако премногу им веруваме на луѓето?

Решението не е целосно да се изолираме од општеството, да направиме непробоен ѕид околу нас и да не дозволиме никој да ни се приближува, туку да почнеме да се почитуваме себеси, да ги препознаваме нашите потреби и желби и да не дозволиме другите да ни ја наметнуваат својата волја.

Извор: Aktivni.si

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име