Дома Твој готвач Дански бисквит колачиња кои се топат во уста…

Дански бисквит колачиња кои се топат во уста…

2347
0

Во Данска е невозможно да се замислат постудени денови без бисквити со путер. Станува збор за фин и мек бисквит, кој се топи во устата, а овде најчесто може да се купи во метални кутии. Можете лесно да ги направите во вашиот дом, а за целата процедура нема да ви требаат повеќе од 30 минути.


Состојки:

250 грама брашно,
200 грама путер,
170 грама шеќер,
75 грама бадемово брашно,
1 јајце,
1 лажица кора од лимон,
1 лажичка екстракт од ванила.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Со електричен миксер измешајте го омекнатиот путер со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете го јајцето, ситно рендана кора од лимон и екстракт од ванила.

I
Во смесата додадете го бадемовото и обичното брашно и сè убаво измешајте. Префрлете ја смесата во кеса за пециво, а потоа исцедете меки прстени од тесто со дијаметар од околу 2см на подмачкан плех за печење. Не заборавајте да оставите простор на секоја страна од бисквитот. Вака приготвениот бисквит печете го десет минути или додека не порумени. Изладете пред сервирање.

Уживајте во овој едноставен десерт

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име