Дома Здравје Дали шеќерот треба да се замени со мед? Еве што советува доктор

Дали шеќерот треба да се замени со мед? Еве што советува доктор

391
0

Дали шеќерот треба да се замени со мед? Еве што советува доктор

БРИТАНСКИОТ доктор Тим Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон објасни зошто замената на шеќер со мед нема значително да влијае на здравјето на забите и на нивото на гликоза во крвта, пишува Дејли Мејл. Според него, шеќерот не треба да се замени со мед.

Докторот објасни дека единствената разлика меѓу различните видови шеќер, мед и јаворов сируп е цената. Овие производи генерално се сметаат за безбедна алтернатива на белиот шеќер, но тие не помагаат во заштитата на забите од шуплини или спречување на дијабетес. Спектор нагласува дека молекулата на шеќер е идентична и во обичниот шеќер и во медот. Секој од нив може да предизвика скокови во нивото на гликоза во крвта.

Зголемувањето на концентрацијата на гликоза во крвта е нормално после јадење, но драстичните флуктуации на нивото го зголемуваат ризикот од дијабетес и болести на срцето и циркулаторниот систем.

Докторот додал дека квалитетниот мед помага при кашлица, но умерената употреба на шеќер не е „штетна“. Мажите не треба да консумираат повеќе од 36 грама додаден шеќер дневно, а жените не повеќе од 25 грама додаден шеќер дневно.

Најпознати природни шеќери се сахароза, гликоза, фруктоза, лактоза и малтоза. Најбезбедниот природен засладувач е стевиата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име