Дома Здравје Дали често ви солзат очите? Ова се најчестите проблеми…

Дали често ви солзат очите? Ова се најчестите проблеми…

1373
0

Постојат голем број медицински состојби кои можат да предизвикаат зголемено производство на солзи во очите – од туѓо тело во окото до ревматоиден артритис или проблеми со тироидната жлезда.

Ако очите често неконтролирано ви солзат и не ја знаете причината, побарајте лекарска помош.

Некои вообичаени проблеми со очите, исто така, можат спонтано да исчезнат, а во други случаи можете да си помогнете.

ИМА НЕШТО ВО ТВОЕТО ОКО

Кога нешто ќе ви влезе во очите – дамка нечистотија, прашина, трепки – вашето тело создава повеќе солзи за да го избрка натрапникот. Дури и честичките кои се толку мали што не можете да ги видите со голо око, како што се честичките во чадот или хемикалиите во кромидот, ја предизвикуваат оваа реакција . Откако телото ќе ја отстрани опструкцијата од окото, престанува да произведува вишок солзи.

СУВИ ОЧИ

Овој проблем со очите се јавува затоа што вашето тело не произведува доволно солзи или тие се сушат премногу брзо, а можно е да се наруши балансот на вода, масло и слуз во солзите.

Постојат голем број на причини кои можат да предизвикаат проблем со суво око, од ветровито време до некои здравствени проблеми. Без оглед на причината, вашите очи реагираат на начин што произведува премалку солзи.

КОНЈУНКТИВИТИС

Ова е честа причина за насолзени очи и кај возрасните и кај децата. Симптомот на конјунктивитис е црвенило на едното или двете очи, чешање и чувство на песок во очите.

Инфекцијата со бактерија или вирус е најчеста причина за конјунктивитис. За вирусните инфекции не е потребна посебна медикаментозна терапија, а доколку се работи за бактериска инфекција ќе ви требаат капки со антибиотици или маст за очи.

АЛЕРГИЈА

Влажните чешачки очи често доаѓаат во комплет со кашлица, течење на носот и други вообичаени симптоми на алергија.

Можно е да имате алергија само во очите. Лекови за алергија, капки за очи и избегнување на предизвикувачи на алергиска реакција – како што се полен, мувла – ќе помогнат.

Настинката може да предизвика и солзење на очите, но во овој случај чешањето ќе отсуствува. Ова е еден од полесните начини да се утврди дали се работи за алергиска реакција.

ЗАТНУВАЊЕ НА СОЛЗАВНИТЕ КАНАЛИ

Кога се е во ред со очите, солзите течат непречено од солзните жлезди лоцирани над вашето око, течат по површината на очното јаболко и завршуваат во канал во внатрешниот агол на окото. Ако каналите се затнати, во нив се акумулираат солзи и окото станува суво. Овој проблем може да има повеќе причини, како што се инфекции, повреди и често се јавува во старост.

ТЕШКОТИИ СО ОЧНИТЕ КАПАЦИ

Вашите очни капаци се како бришачи на шофершајбната. Кога трепкате, тие ви шират солзи на окото и ја бришат дополнителната влага. Но, понекогаш тие не работат правилно.

Очните капаци и трепките можат да се искривуваат навнатре и да се тријат со очите – овој проблем се нарекува ентропија. Ектропија е состојба во која очниот капак е свртен нанадвор и не доаѓа во контакт со очното јаболко и не може да го избрише целото око кога трепка. Или може да предизвика насолзени очи. Овој проблем може да се реши со операција.

ЧЕШАЊЕ НА ОКОТО

Нечистотијата, песокот и контактните леќи можат да ја изгребат надворешната страна на очното јаболко, наречена рожница. Ако тоа се случи, вашето око ќе изгледа црвено и ќе биде чувствително на светлина. Додека овие гребнатини обично заздравуваат за ден или два, важно е да се обратите кај лекар ако имате гребнатина на рожницата. Можеби ќе ви треба третман за да спречите инфекција.

ПРОБЛЕМИ СО ТРЕПКИТЕ

Дали ви се случило на главата да ви се појави непослушен прамен коса кој расте под чуден агол? Истото може да се случи и со трепките. Ако растат навнатре наместо нанадвор, трепките ќе го иритираат очното јаболко.

Оваа состојба се нарекува трихијаза и може да се појави по инфекција, повреда или некој друг проблем со очите. За да се ослободите од непријатноста и тешкотиите со насолзените очи, вашиот лекар може да ви ја отстрани трепката или да ја пренасочи да расте во вистинската насока.

ВОСПАЛЕНИЕ НА ОЧНИТЕ КАПАЦИ (БЛЕФАРИТИС)

Оваа состојба предизвикува отекување на очните капаци, обично во областа на трепките. Очите веројатно повеќе ќе ви се стеснуваат, ќе бидат црвени.

Може да биде предизвикана од разни инфекции, розацеа или алергии. Третманот помага, но и блефаритисот може да помине спонтано.

ПРОБЛЕМИ СО МАСНИТЕ ЖЛЕЗДИ

Ситните жлезди на работ на вашиот очен капак, наречени меибомски жлезди, произведуваат масла кои помагаат да ги одржувате вашите очи здрави. Тие го спречуваат сушењето на очите и создаваат бариера што ги задржува солзите таму каде што ви се потребни.

Но, ако тие жлезди се затнат и не произведуваат доволно масло, вашите очи стануваат иритирани и. Топлите облоги на окото се еден од начините за враќање на функцијата на жлездите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име