Дома Живот Дали сте постојано гладни? Можеби виновникот е една од овие 8 причини…

Дали сте постојано гладни? Можеби виновникот е една од овие 8 причини…

1055
0

Телото се потпира на храна за енергија, па затоа е нормално да се чувствувате гладни ако не јадете неколку часа. Но, ако вашиот стомак постојано трепери, дури и после оброк, тоа може да значи дека станува збор за здравствена состојба.

Полифагија е медицински термин за зголемен глад. Ако често чувствувате глад, причината за ова не е нужно потребата на вашето тело за дополнителни калории, но можеби ќе треба да посетите лекар.

Откријте подолу кои здравствени услови можат да предизвикаат чувство на зголемен глад.

  1. Дијабетес: Човечкото тело го претвора шеќерот од храна во гориво наречено глукоза. Ако имате дијабетес, глукозата не може да достигне до вашите клетки. Наместо тоа, телото се обидува да ја елиминира вишокот гликоза преку урина, предизвикувајќи да чувствувате глад.
  2. Низок шеќер во крвта: Хипогликемија е состојба кога гликозата во организмот паѓа на многу ниски нивоа. Хипогликемијата може да резултира од различни здравствени проблеми како што се хепатитис, нарушувања на бубрезите, невроендокрини тумори во панкреасот и проблеми со надбубрежните жлезди и хипофизата. Во тешки случаи, луѓето со хипогликемија може да имаат потешкотии во зборувањето и одењето.
  3. Недостаток на сон: Недоволното количество на сон може да влијае на хормоните во телото кои го регулираат гладот. Луѓето кои не спијат доволно имаат поголем апетит и ретко се чувствуваат сити. Исто така, вообичаена ситуација е да чувствувате желба за масна и калорична храна кога сте уморни.
  4. Стрес: Кога чувствувате вознемиреност или напнатост, хормонот кортизол се ослободува во телото што го интензивира чувството на глад. Многу стресни луѓе копнеат по храна богата со шеќер, маснотии.
  5. Лекови: Одредени лекови може да предизвикаат поголема потреба за храна од вообичаеното. Лекови кои го отвораат апетитот се антихистаминици, антидепресиви, стероиди, некои лекови за дијабетес и антипсихотици.
  6. Бременост: Многу бремени жени доживуваат голем скок на апетит. Тоа е начин за телото да осигури дека детето добива доволно хранливи материи потребни за правилен раст и развој. Сепак, не се препорачува да се јаде „за двајца“, туку да се јаде разновидно и правилно.
  7. Проблеми со тироидната жлезда: Тироидната жлезда произведува хормони кои ја контролираат брзината на работа на секој орган во телото. Поради неправилно функционирање на тироидната жлезда, можно е да чувствувате постојан глад, без оглед на количината на храна што сте ја изеле.
  8. Диететски сокови: Многу луѓе консумираат сокови без шеќер затоа што сакаат да го намалат внесот на калории или да изгубат килограми. Сепак, лажниот шеќер што се наоѓа во ваквите пијалоци му дава сигнал на мозокот да внесува калории во организмот што може да ги користи како гориво. Кога телото не ги добие очекуваните калории, мозокот испраќа сигнали кои предизвикуваат чувство на глад.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име