Дома Психолошки совети Дали се чувствувате повеќе уморни за време на викендите отколку во работната...

Дали се чувствувате повеќе уморни за време на викендите отколку во работната недела? Еве зошто тоа се случува

943
0

Сигурно се прашувате зошто сте уморни и исцрпени за време на слободните денови.

Треба да ви биде нормално да се чувствувате одморени, горди, весели и полни со енергија во слободните денови, односно за викендите, особено за викендите, наспроти неделата кога сте активни – и деловни и приватни.

Меѓутоа, многу пати се случува за време на викендот да бидете уште поуморни и уште поисцрпени затоа што тогаш всушност не правите ништо, односно го исклучувате мозокот и едноставно сте опуштени.

За многумина ова може да биде еден вид шок и во никој случај не им е јасно зошто се случува ова.


Затоа вистинското прашање е – зошто се случува ова и како телото реагира на деновите на одмор, што му недостига кога токму тогаш би можело да биде опуштено и безгрижно?

Др. Folusha Oluwajana за stylist објаснува дека ова не е ништо необично и дека постојат причини зошто на телото му треба дополнително засилување во деновите кога не одите во теретана или кога не вежбате.

Иако вежбањето понекогаш е заморно, ќе ве натера да се чувствувате побудни и подобро – и физички и психички. Ова се случува поради хормоналните промени што ги обезбедува вежбањето и ослободувањето на ендорфин, серотонин, допамин и окситоцин кои ги енергизираат вашиот мозок и тело.

Иако ефектот понекогаш е краткотраен, ги прави луѓето исполнети и енергични, па токму тоа му недостасува на вашето тело во деновите кога одмарате, односно кога не сте физички активни.

Слободните денови не значат дека вашето тело престанува да работи, всушност – тогаш најмногу и најсилно работи на обнова на мускулите кои се активни за време на вежбањето. Исто така, нормално е дека може да бидете погладни во деновите кога не тренирате. Ова се случува од причина што вежбањето го намалува апетитот, а кога не вежбате телото бара само дополнителни калории.

Исто така, интересно е да се забележи дека иако спиете подолго затоа што сте слободни и не се будите затоа што треба да пристигнете на време во теретана или да вежбате, тој дополнителен час сон може да ве измори уште повеќе.

Одржувањето на будењето во одредено време е исклучително важно за вашиот биолошки ритам, а доколку го нарушите телесниот часовник ќе се чувствувате поуморни и тоа ќе има значително влијание врз остатокот од вашата недела.

Како да се чувствувате подобро за време на слободни денови?

Иако деновите за одмор се клучни за одмор, бидејќи терминот зборува сам за себе, сепак е важно да се придржувате до слични рутини како и останатите денови.

Секоја промена резултира со природна стагнација на енергија и екстремни промени во однесувањето што може да ве натера да се чувствувате поуморни во тие денови. Секако, на секој понекогаш му треба ден кога едноставно не правите ништо.

Секоја активност тогаш е повеќе од добредојдена бидејќи ќе ја спречи бавноста на вашето тело и ненадејниот пад на енергијата. Освен тоа, клучна е и квалитетната исхрана, како и вообичаениот ритам на спиење.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име