Дома Психолошки совети Дали постои рецепт за намалување и контролирање на стресот?

Дали постои рецепт за намалување и контролирање на стресот?

709
0

Не можеме да избегаме од стресот, почнувајќи од утрото, кога го вклучуваме телевизорот, радиото, проверуваме пошта, гледаме или доживуваме нешто на пат кон работа, тогаш срцето ни чука посилно или работи побрзо.


Многу луѓе научија да се справуваат и да живеат со постојан стрес, но дали тоа навистина е опција? Хроничниот стрес е многу поголем здравствен проблем отколку што многу луѓе сфаќаат.
Неодамнешното истражување објавено во научното списание Biological Reviews покажува дека емоционалниот и работниот притисок може да доведат до деменција или Алцхајмерова болест.

Хроничниот стрес е поврзан со низа физички и ментални состојби, вклучувајќи депресија, срцеви заболувања и дијабетес. Извесно е дека за ова придонесе и пандемијата на коронавирус. Речиси половина од Американците мислат дека никогаш нема да закрепнат од стресот што го почувствувале поради пандемијата.

Како да се надмине стресот?

Новото истражување на мозокот направено во Институтот за човекови когнитивни науки Макс Планк нуди нова стратегија за намалување на хроничниот стрес за околу 25 отсто по шест месеци.

Кога ќе го смириме умот, телото ќе се смири

Авторите на студијата наведуваат дека менталниот тренинг заснован на медитација може многу да помогне во намалувањето на долгорочниот хроничен стрес. Не е првпат медитацијата да се препорачува како одличен начин за опуштање.

Смирувањето на умот е исклучително тешко. Се препорачува да ги блокирате мислите неколку моменти.
Истражувачкиот тим заклучува дека редовната медитација го намалува нивото на хормонот на стрес кортизол.

По шест месеци, испитаниците забележале дека количината на кортизол во нивната коса се намалила за околу 25 проценти.

Самоконтрола и плацебо ефект

„Ако ве прашаат дали сте под стрес после тренинг за намалување на стресот, може да се појави плацебо ефект. Во истражувањето на свесноста, сè повеќе користиме физиолошки методи за попрецизно мерење на ефектот на намалување на стресот“, објасни авторката на студијата Лара Пулман.

Стресот и неговото влијание врз косата

Кортизолот е еден од главните хормони кои се ослободуваат од телото кога сме под стрес, што ни помага да ја одржиме енергијата и будноста.

Меѓутоа, кога стресот станува постојан и хроничен, целиот кортизол што се пумпа низ телото завршува да се акумулира во косата. Едноставно кажано, колку повеќе кортизол имаме во косата, толку повеќе хроничен стрес имаме во нашите животи.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име