Дали пиете вино после ручек или вечера? Еве што велат лекарите за оваа навика.
Додека виното во умерени количини може да биде дел од здравиот начин на живот, тоа само по себе не е сосема „здрава храна“.
Времето од годината кога ширата се претвора во вино е одлична можност да се повторат одредени факти за омилениот пијалок во кој секојдневно уживаат луѓето ширум светот. И повеќе од шест илјади години, пишува Делиш.
Скоро секој народ има своја традиција на производство на вино , различни сорти грозје, техники на ферментација и климатски услови кои влијаат на вкусот на финалниот производ. Низ историјата, бројни заедници произведувале вино, истакнувајќи ги неговите наводни лековити својства, а тоа не се променило до денес.
Во раните 2000-ти, беа објавени голем број студии кои тврдат дека пиењето чаша вино секој ден има одредени здравствени придобивки. Откако беа објавени резултатите од истражувањето, за многумина тоа беше изговор да се напијат уште една чаша по вечерата, но како стоиме денес со научното размислување ? Дали пиењето вино секој ден навистина има одредени здравствени придобивки? И што треба да имаме на ум пред да отвориме ново шише?
Иако виното во умерени количини може да биде дел од здрав начин на живот, тоа само по себе не е „здрава храна “. „Со години имаше тврдења во медиумите дека една чаша вино дневно е добро за здравјето на срцето . Сепак, овие тврдења треба да се гледаат со претпазливост“, вели Мишел Рутенштајн, диететичар за превентивна кардиологија на EntirelyNourished.com.