Дома Здравје Дали мислите дека сте анемични?

Дали мислите дека сте анемични?

900
0

Анемијата е болест која подразбира намален број на црвени крвни зрнца, намалено ниво на хемоглобин (Hgb) и/или маса на еритроцити во крвта (Hct), поради што мозокот, срцето, мускулите и другите делови на телото не добива доволно кислород.

Анемијата може да биде предизвикана од пообилни крварења, недостаток на фолна киселина или витамин Б12, нарушување во созревањето на еритроцитите, како и зголемено или забрзано разградување на црвените крвни зрнца. Сепак, најчеста причина за анемија е недостатокот на железо, што доведува до таканаречената сидеропенична анемија.

Оваа болест понекогаш се развива и покрај правилната исхрана бидејќи телото не може да апсорбира доволно количество железо поради некоја друга болест или употреба на одредени лекови.

Голем број трудници боледуваат од анемија бидејќи го игнорираат фактот дека на нивниот организам му треба поголема количина од овој минерал.

Анемијата се карактеризира со чести главоболки, повремено задушување поради недостаток на воздух, губење на концентрација, замор и срцева аритмија. Лицето и мукозните мембрани стануваат бледи, ноктите стануваат кршливи, а се јавува и преосетливост на инфекции.

Бебињата и малите деца со анемија го губат апетитот, не можат долго да ја задржат концентрацијата, подоцна одат или зборуваат, заостануваат во развојот. Многу е важно да се консултирате со лекар веднаш штом ќе се посомневате во анемија, а терапијата ја препишува исклучиво специјалист, бидејќи неконтролираното внесување на железо може да предизвика сериозно оштетување на црниот дроб.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име