Дома Здравје Дали високиот крвен притисок може да се контролира без лекови?

Дали високиот крвен притисок може да се контролира без лекови?

1076
0

Високиот крвен притисок е проблем кој значително влијае на здравјето на целиот организам!

Хипертензијата кај постарата популација е чест проблем, а зошто настанува овој смртоносен проблем се уште не е познато!

Според експертите, во 95% од случаите причината останува непозната, само во 5% од случаите е позната, како што се проблеми со бубрезите или нешто слично.

Д-р Сантош Кумар Дора, кардиолог кој работи во институтот во Мумбаи, открива дека тоа е почеста кај луѓето постари од 55 години, а речиси 50% од возрасните се борат со проблемот. Тој додава дека мажите се поподложни на развој на хипертензија од жените, а шансите само се зголемуваат со возраста. Ако имате постар родител или само се борите со висок крвен притисок, многу добро знаете како лековите за намалување на крвниот притисок можат да донесат само нови грижи, па затоа е многу важно да барате и природни решенија.

Д-р Дора наведува неколку начини кои ќе ви помогнат да го контролирате крвниот притисок без лекови:

Здрава храна – приоритет

Треба да внимавате да не јадете храна која содржи јаглехидрати и масти. Диетата DASH е идеална за овие проблеми и за запирање на хипертензијата, а се состои од цели зрна, зеленчук и млечни производи со малку маснотии. Во оваа диета се вклучени и риба, мисирка, пилешко и мала количина јаткасти плодови.

Редовна активност

Физичката активност е одличен избор за сите нас, без разлика на возраста и здравјето. Д-р Дора советува да вежбате 30 до 40 минути секој ден, или барем 5 дена во неделата, а тоа може да вклучува само одење, трчање или возење велосипед. Јогата е исто така одличен начин за борба против хипертензијата.

Бидете свесни дека сте под стрес

Физичкиот или психичкиот стрес исто така може да предизвика висок крвен притисок, па затоа е препорачливо да го избегнувате. Прифатете некои од техниките за смирување – слушајте музика, шетајте, занимавајте се со хоби, одморете неколку дена или разговарајте со пријателите.

Пушење и алкохол – строго забрането!

Доколку сте лојални на овие навики, бидете внимателни бидејќи и двете навики можат да ви го зголемат крвниот притисок.

Спијте 7 до 8 часа на ден

„Соодветниот одмор е важен за телото и умот, премногу работа и премалку сон може да ја зголемат анксиозноста и стресот, што ќе доведе до хипертензија“, објасни д-р Дора.

Намалете го внесот на сол

Прекумерното внесување сол секако е навика која е непријател на сите кои страдаат од висок крвен притисок, бидејќи веднаш ќе влијае на неговото зголемување. Дневната количина на сол што можете да ја внесете е околу 2.300 милиграми (мг) или помалку. Сепак, би било добро да не внесувате повеќе од 1.500 mg.

Заклучок

Овие совети само ќе ви помогнат да го контролирате крвниот притисок, нема да ја излечи болеста. Треба да разберете дека со возраста, крвниот притисок може да се зголеми. Редовната контрола на состојбата е сè уште најважната техника за превенција и контрола.

Хипертензијата е тивок убиец бидејќи повеќето пациенти не покажуваат никакви симптоми. Тоа може да се утврди само со редовни контроли. Високиот крвен притисок може да биде фатален кога се работи за срцеви заболувања – може да предизвика срцев удар или болест на крвните садови. Превенцијата е најдобриот лек, а на вас останува да усвоите здрави навики.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име