Дома Живот Дали винските мушички ги напаѓаат вашите плодови во кујната? Еве како да...

Дали винските мушички ги напаѓаат вашите плодови во кујната? Еве како да се ослободите од нив…

1078
0


Со појава на високи температури и пареа, влагата често се влева во куќата, а тоа особено се чувствува во кујната каде што е храната. Оттука потекнуваат многу паразити, а најчести непоканети гости се винските мушички кои го напаѓаат овошјето

Првиот совет е штом ќе видите дека мушичките веке почнаа да се собираат, фрлете го овошјето и извадете го ѓубрето.

Покрај тоа, за да не се појават мушички воопшто, чувајте купено овошје и зеленчук во фрижидер веднаш штом пристигнете од продавницата. Бидете сигурни дека секогаш кога фрлате отпад од овошје во ѓубре, побрзо изнесувајте го од кујна.

Ако винските мушички сè уште не се предаваат, можете да направите мала „стапица“ за нив ставајќи јаболков оцет и неколку капки детергент за садови во една чинија, а потоа чинијата ставете ја во микробранова печка 30 секунди. Така подготвената чинија ставете ја некаде на кујна, советува Livehacker и објаснува дека аромата на оцет ќе ги привлече, а поради детергентот ќе паднат во растворот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име