Дома Здравје Грчеви во нозете: Еве како се појавуваат и трик како да се...

Грчеви во нозете: Еве како се појавуваат и трик како да се ослободите од нив за неколку секунди

1840
0

Грчеви во нозете: Еве како се појавуваат и трик како да се ослободите од нив за неколку секунди

Научно е докажано дека намалениот број на електролити во крвта како што се магнезиум, калиум, калциум и натриум може да доведе до чести грчеви во нозете.

Тие се намалуваат со зголемено потење или со употреба на диуретици. Магнезиумот и калциумот се најчестите минерали кои предизвикуваат грчеви, а најчесто и најбрзо се излачуваат од телото.
Покрај недостатокот на минерали, причини за грчеви во нозете може да бидат и неудобните чевли, испуштените стапала, дегенеративни промени на зглобовите на стапалата, неправилно седење или некои болести на локомоторниот апарат.

Превенција од грчеви е вежбање, добра циркулација, пиење најмалку литар и пол течност дневно, внесување на доволно минерали во организмот.

Ако добиете грч во стапалото или во друг дел од ногата, можете успешно да се ослободите од него со овој трик:
Фатете ги прстите на грчевината нога и повлечете ги кон себе нагло и силно.

Ако болката е силна, држете се и обидете се да го задржите стапалото во таа положба, а истовремено со другата рака масирајте го болниот мускул.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име