Дома Светски дестинации Град со 530 замоци во кои никој не живее

Град со 530 замоци во кои никој не живее

1238
0


Тоа е град на духови исполнет со дури 530 мини и делумно изградени замоци кои отсјајуваат празни.

На северозапад од Турција, во близина на градот Мудурну, се наоѓа необично место наречено Бурџ Ал Бабас. Тоа е град на духови исполнет со дури 530 мини и делумно изградени замоци кои отсјајуваат празни.

Кога браќата Јерделен почнаа да го градат Бурџ Ал Бабас во 2014 година, се веруваше дека зградите што потсетуваат на сцените на Дизниленд ќе ги купат богати странци.

Требаше да се изградат повеќе од 700 мини замоци, од кои секој однапред се продаваше по цена од 400.000 до 500.000 долари.

Покрај мини замоци, населбата требаше да има продавници, кино и други содржини за забава и одмор.

Но, економската криза предизвикана од падот на цената на нафтата во Турција ги осуети нивните планови. Изградбата на овој луксузен ресорт, во кој во 2019 година беа инвестирани околу 200 милиони долари, беше прекината поради намалениот интерес на потенцијалните купувачи, а на крајот и поради банкрот на инвеститорите.

Наместо ексклузивно место за богатите, Бурџ Ал Бабас стана туристичка атракција. Патниците кои ќе се најдат во оваа област сакаат да го искусат ова необично место во живо и да направат неколку фотографии за паметење и на социјалните мрежи.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име