Го намалува ХОЛЕСТЕРОЛОТ, го штити ЦРНИОТ и го намалува ПРИТИСОКОТ за еден час: Овој чај е буквално МАГИЈА, а често го заобиколувате во КУЈНА!
Овој чај е неверојатно вкусен и достапен, а ние ретко го користиме.
Многу луѓе не се запознаени со моќните ефекти на чајот од хибискус, иако тој е еден од највкусните што можете да ги подготвите.
Чајот од хибискус е ефикасен за висок холестерол, висок крвен притисок, грип и настинки, подмладување на кожата, вишок килограми, дигестивни проблеми, лошо расположение, дијабетес, заболувања на црниот дроб, ладење на телото и анксиозност…
Го намалува холестеролот
Чајот од хибискус помага да се намали нивото на лошиот ЛДЛ холестерол во телото, а со тоа да се заштити телото од срцеви заболувања. Покрај тоа, крвните садови се заштитени од оштетување. Хиполипидемиските и хипогликемичните својства на овој чај може да бидат корисни за оние кои страдаат од нарушувања на шеќерот во крвта, како што е дијабетесот.
Истражувањето спроведено на пациенти со дијабетес тип 2 покажа дека консумирањето на овој чај го намалува холестеролот и триглицеридите, помагајќи да се справите со оваа непредвидлива болест.
Го штити црниот дроб
Антиоксидантните својства на чајот од хибискус помагаат во лекувањето на заболување на црниот дроб. Тие помагаат да се заштити вашето тело со неутрализирање на слободните радикали присутни во ткивата и клетките. Всушност, го подобрува целокупното здравје на телото.
Намалување на крвниот притисок
За прехипертензија или хипертензија, особено кај постарите лица, чајот од хибискус е вистински природен лек. Има антиоксидантни својства и може да го намали крвниот притисок за речиси 10 единици. За да го постигнете ова, треба да пиете околу три шолји чај дневно.