Дома Здравје Ги нарекуваат „СЛАТКИТЕ НА ПРИРОДАТА“: Зошто е добро да се јадат три...

Ги нарекуваат „СЛАТКИТЕ НА ПРИРОДАТА“: Зошто е добро да се јадат три урми дневно?

696
0

Во споредба со слични овошја, како што се смокви и сливи, урмите содржат најголема количина на антиоксиданси.

Друга причина за консумирање на ова здраво овошје е неговата способност да го подобри здравјето на нашиот мозок и функциите на мозокот.

Лабораториските студии покажаа дека урмите се корисни за намалување на воспалителните маркери кои предизвикуваат Алцхајмерова болест, според Healthline.

Потенцијалните својства на урмите за зајакнување на мозокот се припишуваат на нивната содржина на антиоксиданс, за која е познато дека го намалува воспалението.

Во продолжение прочитајте зошто треба да користите урми што почесто.

Калиум

Урмите содржат калиум, еден од најважните минерали присутен во човечкото тело. Го регулира балансот на течности, мускулните контракции и нервните сигнали. Кога нивото на калиум е ниско, главните функции на телото се засегнати, што доведува до ниски нивоа на енергија, грчеви во мускулите и физички и ментален замор.

Урмите содржат влакна

Влакната се клучни за регулирање на дигестивниот систем и за одржување на нормалното здравје на цревата. Дневниот препорачан внес на диетални влакна е од 25 до 30 грама, пишува Real Simple. Урмите содржат магнезиум и бакар.

Магнезиумот е важен минерал за човечкото тело и мозок. Ја регулира функцијата на мускулите и нервите, нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. Неопходно е и за синтеза на протеини во телото. Бакарот му помага на вашето тело да добие доволно железо. Заедно со магнезиумот му овозможуваат на телото да формира црвени крвни зрнца. Бакарот помага и во одржување на здрави коски.

Урмите се добар извор на витамини од групата Б

Витаминот Б6 има корист за централниот нервен систем и метаболизмот. Работи со претворање на храната во енергија и помага во производството на серотонин и допамин. Витаминот Б6 е еден од осумте клучни витамини Б кои се важни за поддршка на правилното функционирање на клетките. Кога нивото на витамин Б6 се намалува, луѓето реагираат со осип на кожата, ослабен имунолошки систем и ниско ниво на енергија.

Исто така, природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се вари и го намалуваат чувството на глад. Доволно е да изедете 2 или 3 урми и повеќе нема да имате желба за чоколадо или некое друго слатко. Урмите може да се користат за да се направи здрав намаз, а може да послужат и како природен засладувач во компоти и сирови десерти.

Докторката Мелина Јамполис открила дека урмите помагаат при слабеење и дека е доволно да јадете три дневно бидејќи на тој начин ќе добиете енергија без да се оптоварувате со нездрава храна, пишува Justnaturallife.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име