Дома Интересно Вториот највисок облакодер во светот со повеќе од 150 спрата ќе биде...

Вториот највисок облакодер во светот со повеќе од 150 спрата ќе биде изграден во Русија…

814
0

Шкотската архитектонска фирма Кетл колектив ги објави плановите за вториот највисок облакодер во светот, кој ќе биде изграден во Санкт Петербург, Русија.

Центарот Лахта II ќе биде висок 703 метри, додека највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, е висока 828 метри. За споредба, сегашната втора највисока зграда во светот е Шангајската кула, висока 632 метри.
Центарот Лахта II ќе се гради на периферијата на Санкт Петербург, веднаш до оригиналниот центар Лахта, кој е највисоката зграда во Европа со висина од 462 метри и е дом на Гаспром.

Лахта највисокиот облакодер во Европа, тука

„Новиот центар Лахта ќе биде пример за одржлив дизајн за глобалното градење“, рече Тони Кетл, менаџер на проектот, пренесува Си-Ен-Ен .

Лахта Центар II ќе има канцелариски простор, простории за сместување и релаксација, на повеќе од 150 спрата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име