Време е за куглоф со лимон: Одличен колач за зимските денови
Наместо лимон, можете да користите мал портокал
Состојки:
100 гр путер или маргарин
1 лимон
200 гр брашно
1 прашок за пециво
150 гр суво грозје
200 гр кисела павлака
5 јајца
200 гр шеќер
50 мл млеко
Подготовка:
1. Јајцата се матат со шеќер, се додава брашното со прашокот за пециво, добро измиената рендана кора од лимон и сок од лимон, сувото грозје, павлаката, млекото и сето убаво се меша.
- Куглофот се подмачкува со масло или маргарин и смесата се истура во плехот за куглоф.
- Се пече на 200 степени околу 40 минути.
- Кога ќе се излади, по желба посипете со шеќер во прав.