Дома Живот Во која година од животот луѓето се најсреќни?

Во која година од животот луѓето се најсреќни?

1445
0

Хитот на Брус Спрингстин „Денови на слава“ зборува за среќните младешки денови и нагласува дека „времето минува и не ви остава ништо друго освен здодевни приказни за деновите на славата“. Па, се чини дека експертите се на добар пат да ја потврдат таа малку депресивна теорија.

Имено, истражувањето спроведено на 2.000 Британци покажало дека колку старееме, толку потешко е да се најде причина за среќа. Според резултатите, луѓето се најмалку среќни на 45 години, а интересно е што само четворица од 10 испитаници изјавиле дека имаат на што да очекуваат во секојдневниот живот. Еднаков број од нив се согласуваат дека забавата завршила отприлика во исто време кога тие зачекорувале во светот на возрасните.

Можеби најтажниот факт е дека 10 проценти од испитаниците признале дека никогаш не прават ништо што ги прави среќни во текот на целата недела. Немаат пари за тоа, немаат енергија или едноставно не знаат како да се забавуваат.

„Возрасните лесно влегуваат во нивната секојдневна рутина и забораваат да одвојат време за забава“, вели психоаналитичарот Стив МекКеун.

Како што објасни, многумина не знаат како повторно да се забавуваат, а одговорот на ова прашање всушност може да биде прилично едноставен.

„Поминувајте повеќе време со вашите најблиски. Покрај психолошките придобивки, вклучувајќи намален стрес и зголемена среќа, поминувањето време со семејството е одличен начин да го вратите чувството за детска забава во вашиот живот“, предлага тој.

Исто така, дури 83 отсто од испитаниците се согласиле дека многу повеќе се забавуваат во друштво на деца отколку со возрасни.

„Поради нивната имагинација и способност да не се грижат за тоа што ќе мислат другите луѓе, на децата им е полесно да се препуштат на забавната страна на животот“, истакнува МекКеун.

Затоа, доколку сакате брзо да ја вратите среќата во вашиот живот, експертите ве советуваат да гледате детски филм или да танцувате како никој да не ве гледа, како што пишува Индекс.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име