Дома Здравје Вообичаено користиме темјан за да ја почадиме куќата, а не сте ни...

Вообичаено користиме темјан за да ја почадиме куќата, а не сте ни свесни дека помага при овие тегоби

33258
0

Вообичаено користиме темјан за да ја почадиме куќата, а не сте ни свесни дека помага при овие тегоби

Иако најчесто го поврзуваме со верски ритуали и молитви, темјанот е многу повеќе од тоа

Толку мала, но толку силна, оваа ароматична смола е добиена од родот Boswellia, а со нејзино согорување се добива исклучително силен и невообичаено пријатен мирис . Многуте лековити својства на темјанот генерално не им се познати на луѓето, речиси секој го има дома, но ретко ги користи неговите лековити својства.

Темјанот со години се користи за лекување на артритис, заздравување на рани, регулирање на женските хормони и заштита од патогени. Во земјите од Блискиот Исток се користи за одржување на здравјето на усната шуплина. Луѓето од овој регион џвакаат смола од темјан за да го подобрат здравјето на нивните заби и непца. Антимикробните својства на темјанот ги спречуваат инфекциите.

Темјанот ја ублажува болката предизвикана од артритис без да предизвикува несакани ефекти. Ја подобрува циркулацијата, како и протокот на крв низ крвните садови оштетени од воспалителни процеси. Научните студии потврдија дека екстрактот, ацетатот од темјан, ги намалува невролошките оштетувања и дека ефикасно делува против депресија и напнатост, го намалува нивото на холестерол и спречува болести на крвните садови.

Темјанот се користи и за ослободување од стрес, напнатост, хистерија и депресија, купката со масло од темјан помага при менструални болки и воспаление на уринарниот тракт, а помага и при бронхитис, астма, синузитис, чести настинки и алергии. Иако не е опасно за употреба, треба да го избегнуваат хипертензивните пациенти, трудниците и доилките.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име