Дома Твој готвач Воздушни и меки пити со сирење, за само 10 минути на маса

Воздушни и меки пити со сирење, за само 10 минути на маса

2326
0

Воздушни и меки пити со сирење, за само 10 минути на маса

Брзите пити со сирење од тавче се идеален избор за појадок , а се што ви треба е тенки кори за пита богато да го наполните.

За само десет минути на масата ќе има неодоливи пити, мирисни и вкусни, кои заедно со јогурт или млеко прават совршен оброк за почеток на новиот ден.

Компоненти:

500 гр тенка кора за пита

250 гр полномасно кравјо сирење

2 јајца

лажица масло

Подготовка:

Изматете ги јајцата со сирењето во пенеста маса. Додадете една лажица масло. Корите за пита исечете ги на половина по должина и филувајте ги. По целата должина на секоја кора распоредете го филот со сирење, свиткајте ги краевите да не истече филот и свиткајте го како ролат во полжав. Печете околу 15 мин дури не поруменат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име