Дома Здравје Витаминот Б12 и железото…

Витаминот Б12 и железото…

1067
0

Витаминот Б12 и железото се клучни за функцијата на мозокот, а нивниот недостаток може да доведе до нарушени функционални способности и нарушувања, покажаа бројни студии.

Научниците тврдат дека исхраната богата со овие антиоксиданси директно влијае на зачувување на функцијата на мозокот и спречува појава на деменција и други болести со текот на времето.

Меѓу намирниците посебно место заземаат хранливите материи од спанаќот, јагодите и боровинките, за кои се покажало дека не само што имаат моќ да зачуваат, туку и да ги ревитализираат мозочните клетки.

Ова истражување е особено важно за постарата популација, која боледува од зголемен процент на Алцхајмерова болест, која се карактеризира со заборавеност и промени во однесувањето.

Настанува како резултат на фактот дека мозочните клетки, како што старее мозокот, стануваат почувствителни на стрес предизвикан од слободните радикали. Клеточниот одбранбен систем ги блокира овие опасни молекули, но слабее во процесот на стареење, па затоа акцент треба да се стави на храна богата со железо и витамин Б12.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име