Дома Живот Вашиот омилен алкохолен пијалок кажува многу за вашата личност

Вашиот омилен алкохолен пијалок кажува многу за вашата личност

1169
0

Според тоа кој пијалок го пиете може да каже нешто за тоа кој сте. На пример, оние кои пијат виски се сметаат за самоуверени, додека пивопијците знаат да уживаат и се опуштени.

Тим на научници од Австралија откри дека постои врска помеѓу личноста на поединецот и неговиот омилен алкохолен пијалок, како и местото каде што го консумира. Студијата ја водел Питер К. Јонасон и учествувале 1.232 Австралијци. Половина биле жени, половина мажи, со просечна возраст од 45 до 79 години.

Истражувачите ги прашале каде најчесто консумираат алкохол и каков вид преферираат, а им бил направен писмен тест во кој требало да откријат што прават, дали се задоволни од својот живот, дали им веруваат на другите и слично. Џонасон и соработниците потоа извршија статистички анализи, откривајќи ги односите помеѓу преференциите поврзани со алкохолот и личноста.

Откриле дека оние кои сакаат да пијат дома се попесимисти и генерално потажни од оние кои консумираат алкохол во кафуле. Тие, пак, се екстровертни, сакаат да се дружат и се посреќни.

Љубителите на пивото и виното се задоволни од својот живот и се поотпорни на неволји. Виното го сакаат оние кои се пристапни и совесни, а пивото оние кои се едноставни, отворени и опуштени. Резултатите покажале и дека оние кои сакаат сајдери и жестоки се најневротични.

Научниците рекоа дека овие податоци се многу интересни, но дека е потребно истражување за да се утврдат до крај, пишува Psychology Today.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име