Дома Твој готвач Брз ручек: Рецепт за вкусна манџа од зеленчук која нема ни да...

Брз ручек: Рецепт за вкусна манџа од зеленчук која нема ни да го забележите дека е без месо

1053
0

Брз ручек: Рецепт за вкусна манџа од зеленчук која нема ни да го забележите дека е без месо

Доколку сакате да направите вкусен ручек за половина час, пробајте го рецептот за оваа манџа од зеленчук од кељ, компири и грав.

Користете сварен грав и сечкани домати од конзерва и на тој начин скратете го времето на подготовка. Постигнете ја вкусноста на јадењето со употреба на вкусна супа од зеленчук и медитерански зачини.

Состојки:

1 литар супа од зеленчук

800 мл конзервирани домати

500 гр сецкан кељ

240 гр варен грав

2 компири

2 моркови

2 стебленца целер

2-3 чешниња лук

1 мал кромид

1 лажичка лук во прав

1 лажичка суво оригано

1 лажичка сува мајчина душица

1 лажичка сув босилек

½ лажичка шеќер

сол и бибер по желба

магдонос за сервирање

масло за пржење

Подготовка:

Во поголемо тенџере загрејте малку масло и во него издинстајте ги сечканиот кромид, морковот и целерот. Пропржете го зеленчукот околу осум до 10 минути додека не омекне.

Додадете го лукот исечкан на помали парчиња и пржете сè заедно околу една минута.

Прелијте го зеленчукот со супа од зеленчук и домати.

Додадете излупени компири исечени на помали коцки, кељ исечен на ленти и варен грав.

Зачинете сè заедно со сол, бибер, лук во прав, босилек, мајчина душица и оригано. Додадете малку шеќер.

Покријте го тенџерето и гответе сè заедно на умерена температура околу 15 минути додека компирите целосно не се сварат.

Манџата послужете ја со свеж магдонос по желба и парче леб.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име