Дома Твој готвач Брзи здрави топчиња…

Брзи здрави топчиња…

818
0


Здраво слатко уживање на кое никој не може да одолее…

Состојки:
60 гр суви кајсии
60 гр суви смокви
100 гр мелени бадеми
50 гр кокос
1 лажица какао
80 гр овесна каша
70 гр урми
1 лажичка цимет
50 мл сок од портокал

Постапка:
Измелете ги сите состојки и комбинирајте ги сите заедно, освен сокот од портокал. Потоа додадете го сокот од портокал и добро измешајте сè со рака убаво. Обликувајте топчиња со големината што ја сакате
Ако сакате, можете да ги декорирате со стопено темно чоколадо. Наместо бадеми можете да додадете ореви или лешници. Чувајте ги во цврсто затворен сад до употреба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име