Дома Здравје Борба против анемијата

Борба против анемијата

510
0

И покрај фактот дека железото е изобилно во природата, милијарди луѓе страдаат од недостаток на железо во нивната крв. Ако нема доволно железо, кислородот не стигнува до клетките.

Анемијата се манифестира со многу знаци, како што се: слабост, вртоглавица, забрзан пулс или палпитации, поспаност и слично. Постојат многу видови на анемија. Некои се вродени и се резултат на вродено оштетување на еритроцитите или вродено оштетување на некои органи. Тие се манифестираат веќе во детството и за нивно лекување е неопходно да се посети хематолог.

Железото е неопходно за градење на хемоглобинот, а поради недостаток на железо слабее апсорпцијата на други минерали и елементи во крвта, што може да доведе до поголема подложност на инфекции.

Анемијата може да се лекува со препарати збогатени со железо. Третманот на анемија трае до шест месеци. Важно е да се каже дека оваа болест не се лекува со витамински препарати со додадено железо бидејќи не ја содржат потребната количина. Исто така, за време на лекувањето на анемија, важно е да не се внесува прекумерно количество железо во организмот.

Месо

Потемното месо содржи поголемо количество железо, црниот дроб е главното складиште на железо за луѓето, говедското месо има најмногу железо, потоа јагнешкото, го има и во свинското и белото месо од живина.

Морска храна

Најбогатите извори на железо, особено остригите и школките се и рибите: лососот, туната, сардината…

Мешунките и зеленчукот

Грав, грашок, леќа, соја, производи од соја: млеко од соја, вегетаријанска плескавица и тофу, спанаќ, блитва, коприви, кељ, брокула, аспарагус…

Овошје

Сувото овошје како грозје, кајсии или сливи содржат најмногу железо.

Овошјето богато со витамин Ц (портокал, јагоди, диња, грејпфрут) ја зголемува апсорпцијата на железо.

Оревите се добар извор на железо, како и бадемите и бразилските ореви, боровинките, виното од капини.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име