Дома Твој готвач Беспрекорен и без брашно колач подготвен навистина брзо

Беспрекорен и без брашно колач подготвен навистина брзо

1934
0

Беспрекорен и без брашно колач подготвен навистина брзо

Ако внимавате на внесот на калории, но сепак не сакате да се откажете од слатките, на вистинското место сте бидејќи имаме рецепт за вкусна и многу поздрава форма на десерт. Станува збор за овошен колач кој се подготвува брзо и лесно и кој дефинитивно ќе го направите повторно доколку го пробате.

Состојки:

За основата:

200 гр овесна каша

100 гр мелени ореви или лешници

100 гр кафеав шеќер

1 лажичка прашок за пециво

1 лажичка цимет

По желба половина кафена лажичка кардамон

100 мл сок од портокал

100 мл вода

За филот со овошје:

800 гр малини или друго замрзнато овошје

5 лажици кафеав шеќер

1 лажичка ванилин шеќер

1 лажица густин

Подготовка:

Овошјето се става во сад, се додава шеќерот и ванилиниот шеќер и се става на оган. Кога ќе зоврие, одвојте дел од сокот што го испушта овошјето и во него додадете го густинот, па додадете го во овошјето. Гответе до саканата дебелина со постојано мешање.

Сомелете 100 гр овес во брашно и измешајте ги со остатокот од овесот, оревите или лешниците, прашокот за пециво, шеќерот и зачините. Додадете сок од портокал и вода и сè добро измешајте.

Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење, па со лажица намачкајте го овошјето по целата површина.

Се пече околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени.

Добро изладете пред сечењето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име