Дома Твој готвач Белo топло чоколадо со вкус на Рафаело

Белo топло чоколадо со вкус на Рафаело

896
0


Иако топчињата од кокос и Рафаело ги поврзуваме со летото, со ова топло чоколадо можете да уживате во секое време од годината – а ние имаме рецеп…



Кога некој ќе спомне кокос, нашата прва асоцијација се вкусните Рафаело топчиња со кокос и бадеми кои едноставно ги обожаваме. И иако топчињата од кокос и Рафаело ги поврзуваме со летото, со овој вкус можете да уживате и во зима, а тоа е бело топло чоколадо со вкус на Рафаело. Со малку млеко, павлака, сируп од кокос и бело чоколадо, можете да направите напиток кој неодоливо ќе ве потсети на омилената бонбона и ќе уживате во него во студените зимски месеци – а ние имаме многу едноставен рецепт.

Состојки

150 мл млеко
50 мл слатка павлака
20 мл сируп од кокос
6 коцки бело чоколадо
4 парчиња Рафаело топки

Подготовка

Прво загрејте го млекото, па додајте ги павлаката, кокосовиот сируп и чоколадото и сето убаво измешајте додека не се растопи чоколадото.

Додека млекото се загрева, исечкајте ги топчињата Рафаело и ставете ги во шолја, а потоа сè прелијте со топло чоколадно млеко.

На крајот, украсете го вашето топло Рафаело чоколадо со шлаг и посипете го со кокос по желба.

Извор: bosskitchen.com/raffaello-white-hot-chocolate/

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име