Банана леб: Неодолив десерт без адитиви и шеќер
Сè уште немам сретнато човек кој не сака банани, па затоа овој рецепт за леб од банана е нешто што ќе им се допадне на сите. Сè е подготвено за 60 минути и е одлична алтернатива за тортите купени во продавница полни со хемикалии и шеќер. Целото семејство сигурно ќе ужива во овој извонреден леб – колач.
Состојки:
225 гр брашно
125 гр путер
50 гр брашно од лешник или бадем
4 јајца
4 средни банани колку што е можно позрели
2 супени лажици сурово какао
1 лажичка цимет
1 лажица прашок за пециво
прстофат сол
засладувач по желба (јас ставив 4 лажици мед)
Подготовка:
Оставете го путерот надвор неколку часа да се растопи малку.
Во сад изматете четири јајца. Имате опција да ги испасирате бананите или накратко да ги ставите во блендер со путер и јајца (јас така направив).
Во друг сад измешајте ги сувите состојки и во него префрлете ги изблендираните банани, јајцата и путерот и сè убаво измешајте.
Префрлете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути.
Проверете со чепкалка дали е целосно печено.
Почекајте малку да се излади пред да почнете да уживате во овој извонреден леб – колач.