Мешавината од банана и мед многу успешно делува при болки во грлото, стомачни болки и кашлица.
Понекогаш не сакаме да пробаме природен лек затоа што често ни изгледа како нешто крајно невкусно. Мешавината од банана и мед, освен што ќе ви помогне со стомачни проблеми, кашлица и болки во грлото, сигурно ќе ги задоволи вашите сетила.
Потребни состојки:
- две лажички мед
- две средни банани со црни дамки
- 400 мл врела вода
Подготовка:
Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Добро би било да го правите со дрвен прибор за јадење, бидејќи поради металот ќе потемни. Потоа ставете ги бананите во тенџере и додадете зовриена вода во нив. Оставете да кисне околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Важно е да го додадете на крајот, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги изгуби лековитите својства.
Користете:
Пијте 100 милилитри од овој напиток четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Првите резултати ќе ги почувствувате за пет дена!