Дома Здравје А, Б, АБ или 0: Која е ‘најсилната’ крвна група?

А, Б, АБ или 0: Која е ‘најсилната’ крвна група?

1113
0

Дали животниот век на една личност зависи и од неговата крвна група? Истражувањата покажуваат дека тоа зависи затоа што една крвна група е поотпорна на одредени болести од другите, па дури и луѓето со таа крвна група живеат најдолго…


Истражувањата докажаа дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на една личност. Научниците докажаа дека луѓето со крвна група А се помалку отпорни на маларија отколку другите крвни групи, па може да се каже дека крвната група А е „послаба“ од другите. А која крвна група е најсилна, односно најотпорна на болести?

Долгорочни студии покажаа дека крвната група која ги надминува сите други е крвната група 0. Докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести како што се мозочен удар и срцев удар, поретко од другите крвни групи имаат проблеми со меморијата и дека имаат помали шанси да заболат од одредени видови на рак, како што се рак на панкреас и карцином на стомак. Поради организмот отпорен на болести, луѓето со крвна група 0 исто така живеат најдолго.


Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта во оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари честопати предизвикуваат згрутчување на крвта. Покрај тоа, она што е добро за срцето е исто така добро за мозокот, а многу фактори на ризик за кардиоваскуларни болести се исто така фактори на ризик за ментални болести.


На пример, познато е дека високиот холестерол и дијабетесот, кои можат да предизвикаат кардиоваскуларни болести, се поврзани со деменција и Алцхајмерова болест.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име