Дома Нега и убавина АСПИРИН ЗА КОСА: Вратете го волуменот и сјајот на безживотната мрсна коса,...

АСПИРИН ЗА КОСА: Вратете го волуменот и сјајот на безживотната мрсна коса, а во исто време го отстранувате првутот

944
0

АСПИРИН ЗА КОСА: Вратете го волуменот и сјајот на безживотната мрсна коса, а во исто време го отстранувате првутот

Денес, девојките и жените имаат на располагање широк избор на производи за нега на коса. И покрај тоа, тие не престануваат да бараат необични начини за подобрување на изгледот на косата.

Така, некои од нив користат аспирин, кој, патем, се користи за козметички цели (често за лице, во смисла на чистење на кожата од мозолчиња, акни и митесери).

Аспиринот може да го отстрани вишокот маснотии од косата, правејќи ја косата мека, сјајна и бујна. Многу жени имаат позитивно искуство во 100% отстранување на првутот кога го користат.

Принцип на дејство на аспиринот на косата:

Аспиринот може да се нарече агент со брзо дејство. Се користи, како орално, така и за надворешна употреба за подобрување на изгледот на косата, додека неговото дејство се задржува одреден временски период.

Аспиринот не го храни коренот на косата, туку делува на надворешниот изглед на косата. Затоа, ефектот е забележлив веќе по првата употреба.

Како да нанесете аспирин за нега на коса:

Аспиринот (андол) може да се додаде во маските за коса со дробење 4-5 таблети во прав.

А има и поедноставен начин на негова примена. Потребно е само да здробите 2-3 таблети аспирин и да ги измешате со потребната количина шампон, а со таа смеса да ја измиете косата, држејќи ја на главата 2-3 минути пред да ја исплакнете. Непосредниот резултат ќе ве воодушеви.

Познато е дека Џенифер Анистон, на која многу девојки и жени и позавидуваат на должината и убавината на косата, го користи овој метод на беспрекорно одржување на косата.

Како што покажува практиката, најоптимално решение за користење на таков метод на миење на косата е еднаш неделно.

Имајте на ум дека аспиринот (андол) е ацетилсалицилна киселина и важно е да се знае во кои случаи не треба да се користи. Така, на пример, не треба да се користи аспирин ако имате сува, тенка, кршлива, оштетена коса.

Најпогоден е против мрсна коса која многу брзо се валка.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име