Дома Живот Австрија ќе ги укине сите мерки против коронавирусот на 5 март

Австрија ќе ги укине сите мерки против коронавирусот на 5 март

984
0

На чекор до денот на слободата…

Австрискиот канцелар Карл Нечамер најави укинување на епидемиолошките мерки на 5 март

Владата заедно со гувернерите на покраините донесе одлука за натамошно олеснување на мерките со образложение дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна.

Учесниците на состанокот сакаат да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија.

Според претходната одлука на Владата, на 19 февруари ќе следи натамошно олеснување на мерките. Така, во угостителството, хотелот и настаните, на невакцинираните, со негативен тест, повторно ќе им се овозможи пристап до кафулиња, ресторани, хотели, концерти, натпревари.

Исто така, од 5 март ќе бидат овозможени приватни и јавни прослави, концерти, саеми и други собири без ограничување на бројот на присутни.

Се укинува и канрантинот за без симптоми, а единствено што ќе остане е обврската за носење маски на одредени места, како јавниот превоз и супермаркетите.

Се размислува и за времено прекинување на задолжителната вакцинација, која беше воведена пред десетина дена.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име