Дома Твој готвач Ќофтиња со грашок во тава (рецепт)

Ќофтиња со грашок во тава (рецепт)

945
0

Некогаш немаме доволно идеи за ручек. Ви предлагаме старински рецепт, совршен за есенски ручек.

НЕОПХОДНО Е:

1 главица кромид,

400 гр замрзнат грашок,

1/2 чаша сок од домати,

600 гр мешано мелено месо,

1-2 парчиња бајат леб,

малку млеко,

1 јајце,

сол

бибер,

100 гр сирење,

малку морско оревче.

ПОДГОТОВКА: Во сад ставете месо, леб натопен во млеко, јајце, рендано сирење, сол, бибер и морско оревче, сè убаво измешајте и обликувајте топчиња – ќофтиња. Испрпелајте ги во брашно. Исечкајте го кромидот, па додадете малку масло и малку вода и продинстајте го. Кога кромидот ќе омекне, додадете ги ќофтињата и уште малку вода, па оставете да се динста 10-15 минути. Кога водата ќе испари, додадете грашок, сок од домати и вода колку да го покрие грашокот и оставете да крчка. Додадете малку вода од време на време доколку е потребно. Ручекот е готов е кога грашокот целосно ќе омекне.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име