Дома Живот Јапонски научници дизајнираа светлечки маски кои детектираат коронавирус

Јапонски научници дизајнираа светлечки маски кои детектираат коронавирус

888
0

Научници од Јапонија тврдат дека антитела од ноеви им овозможиле да дизајнираат светлечки маски кои помагаат да се утврди дали некој е заразен со коронавирус.

Необичната метода на откривање зараза со коронавирус ја разви тим од Универзитетот Кјото. Научниците на ноевите им ставиле неактивен и безопасен облик на коронавирус и потоа извршиле екстракција на антитела на специјален филтер поставен во внатрешноста на маската. Тој филтер свети под УВ светлина кога е присутен вирусот.

По следење на 32 заразени лица во период од 10 дена, научниците откриле дека светеле сите маски кои заразените ги носеле. Светлината слабеела како што слабеел вирусот со текот на времето.

Водачот на проектот Јасухиро Цукамото изјави дека лично открил дека и самиот е заразен со коронавирусот откако носел една од експерименталните маски.

Планот на неговиот тим е да изврши експеримент со 150 учесници и да добие дозвола од владата за продажба на маските следната година.

„Можеме масовно да произведуваме антитела од ноеви по ниска цена. Во иднина сакаме ова да го претвориме во лесно средство за тестирање кое секој може да го користи“, порача тој

Извор: mainichi.jp

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име