Дома Твој готвач Јаболка полнети со ореви: Неодоливо брзо уживање! (РЕЦЕПТ)

Јаболка полнети со ореви: Неодоливо брзо уживање! (РЕЦЕПТ)

749
0

Уживајте во феноменалниот вкус на ова задоволство…

Состојки:
4 јаболка,
1/2 лимон,
4 лажици путер, омекнат на собна температура,
5 лажици овошни мусли,
2 лажици мед,
1/4 чаши сецкани ореви,
малку суво грозје,
сладолед од ванила (по избор),
*За посна варијанта не ставајте путер и не сервирајте со сладолед.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
Измијте ги јаболките, исечете ги врвовите и издлабете ја средината каде што е семето. Бидете внимателни да ги одржувате јаболката цели.
Потоа посипете го јаболкото со сок од лимон.
Измешајте путер, мусли, мед и ореви во сад.
Ставете ги врвовите повторно, како капачиња.
Наредете ги на плех, ставете ги во загреана рерна и печете околу 20 минути додека не омекнат.


Кога ќе се испечат, извадете ги од рерна и оставете малку да се изладат.
Печени јаболка може да се сервираат со сладолед од ванила или чоколаден прелив.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име