Што задршката на урина може да предизвика на мочниот меур и цеколупното здравје
Секој човек барем еднаш во животот задржал урина поради неможноста да оди во тоалет. Но, тоа задржување може да предизвика непријатност и да доведе до посериозни последици, пренесува Healthline . Како што предупредуваат лекарите, исклучително е важно да го слушаме нашето тело и никогаш да не го одложуваме мокрењето. Еве што задржувањето на урина може да му направи на нашето тело.
Една од последиците од честото задржување на урината вклучува слабеење на мускулите на мочниот меур . Како што објаснуваат лекарите, долгорочното задржување на урината создава одреден притисок врз нашиот мочен меур, како и врз карличните мускули. Ако го правиме тоа премногу често, со текот на времето оваа лоша навика може да доведе до инконтиненција, односно да предизвика проблеми со празнењето на мочниот меур.
Оваа навика може да доведе и до неповратно истегнување на нашиот мочен меур. Како што тврдат лекарите, кога нашиот мочен меур е полн, тој се протега и потоа се враќа во првобитната форма. Меѓутоа, ако има редовно задржување на урината, тоа би можело да го промени обликот на нашиот мочен меур, без можност тој некогаш да се врати во првобитната состојба.
Исто така, намерното задржување на урината доведува до опасно оштетување на бубрезите. Станува збор за тоа дека може да не направи многу почувствителни на потенцијални инфекции во организмот, што претставува голема опасност за здравјето на бубрезите и нивната функција. Доколку состојбата не се препознае навреме, во ретки случаи постои ризик по здравјето.