Дома Здравје Чаеви против стрес и анксиозност

Чаеви против стрес и анксиозност

761
0

Стресот и анксиозноста се сериозни проблеми со кои се соочуваат се поголем број луѓе. Чаевите направени од природни состојки се побезбеден начин да се ослободите од проблемите со споменатите психолошки состојби.

Следниве природни чаеви ќе ве смират или релаксираат во тешките моменти.

Чај од нане

Нането е билка која ги опушта мускулите. Чајот од нане не содржи кофеин, што го прави идеален за консумирање пред спиење. Ќе ви даде мирен сон што ви треба по напорниот ден.

Чај од камилица

Стресот и анксиозноста често предизвикуваат несоница. Исто како и чајот од нане, така и чајот од камилица ги релаксира затегнатите мускули и ја ублажува раздразливоста. Тој е богат со антиоксиданси кои можат да играат улога во намалувањето на ризикот од неколку болести, вклучително и срцеви заболувања и рак.

Чај од маточина

Маточината е смирувачка билка која припаѓа на семејството нане и има благ вкус на лимон. Чајот од маточина го намалува хормонот на стрес наречен кортизол и го релаксира телото без да предизвика поспаност. Исто така, помага да се подигне расположението.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име