Цимет коцки (рецепт)
Прекрасна комбинација од цимет, какао во прав и ванила – мириса на зима.
Компоненти:
280 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
80 мл. вода
200 гр. маргарин
1 лажичка цимет
200 гр.млеко во прав
70гр. какао во прав
150 гр мелени бисквити
За посипување:
1 лажичка какао во прав
1/3 лажичка цимет
Подготовка:
Во тенџере се ставаат шеќерот, ванилиниот шеќер и водата. Се става да зоврие.Од моментот на вриење се варат 3-4 минути на пониска температура со повремено мешање (шеќерот треба да се раствори) се трга од шпорет, па се додава мелен цимет и маргарин/путер исечкани на ситни парчиња. Мешајте додека не се соединат сите состојки.Во сад измешајте какао во прав и млеко во прав, па соединете со претходно подготвената смеса.Оставете да се излади (околу десет минути), потоа додадете мелени бисквити и измешајте.Радете сад од 20*15 cm со хартија за печење, истурете ја смесата, измазнете и ставете во фрижидер неколку часа.Посипете со мешавина од какао во прав и цимет.Исечете на коцки и послужете.