Современото темпо на живот, стресот и наглите промени на времето се повеќе влијаат на проблемите со спиењето.
Многу стручњаци истакнуваат дека исхраната е многу важна за квалитетот на сонот и дека со редовни оброци и правилен избор на храна лесно може да се изборите со несоницата.
Вечерата е најважна работа за мирен сон, затоа во овој оброк вклучете храна богата со јаглехидрати кои влијаат на зголемување на хормонот серотонин во организмот.
Докажано е дека овој хормон има смирувачко дејство и помага да се справите со стресот. Затоа збогатете го менито со житарки, тестенини и интегрални пецива. Со јаглехидрати најдобро е да се комбинираат пилешко, риба, зелен зеленчук, печурки, туна, јаткасти плодови, банани…
Исто така, важно е во текот на денот да јадете храна богата со витамини од групата Б – грашок, грав, кикирики, пивски квасец, млеко, јајца, црн дроб, компири…
Неопходни се и минерали, особено калциум и магнезиум (млеко, млечни производи, сардина, спанаќ, брокула, суви смокви, кромид, бадеми, темно чоколадо…) чиј недостаток може да доведе до зголемена напнатост, замор и чести грчеви.
Препорачливо е да избегнувате пијалоци со кофеин, како и енергетски пијалоци навечер. Пред спиење, намалете го внесот на слатки кои влијаат на растот на шеќерот во крвта и ве одржуваат будни, како и зачинета храна.